Меси против Левандовски: ТЈ уште еднаш – Аргентина нема тим за титула!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На Светското првенство во Катар денес не очекуваат нови четири натпревари од третото коло, а секако дека дербито го играат Полска и Аргентина.

Фаворитите во оваа група немаат обезбедено пласман во осминафиналето, па затоа сигурно не чека интересен и возбудлив дуел. На Полска и одговара и реми затоа што со четири бода е лидер, Аргентина има три бода исто колку и Саудиска Арабија која во истиот термин ќе се сретне со Мексико.

Сите четири репрезентации во групата имаат шанси за пласман во следната фаза.

Во терминот од 16:00 часот се играат натпреварите од групата Д каде што Франција веќе е осминафинлист, а за преостанатот место се борат Австралија, Данска и Тунис.

Слушнете што има да каже ТЈ за овие дуели и повторно ни тврди дека Аргентина нема да биде шампион.