Српски мафијаш во судска изјава сведочеше дека за македонски пасош се плаќа 30.000 евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Роко се викал македонскиот државјанин кој, според изјави дадени во Специјалниот суд во Белград, наплаќал по 30.000 евра за македонски пасош, јавуваат денеска српските медиуми во извештаите од сведочењето на сведокот Срѓан Лалиќ во судскиот процес против Веља Невоља и кавачкиот клан.

Вчера во Специјалниот суд во Белград продолжи судењето против кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.

„Во една куќа во Земун однесов пари за превоз во Турција, еднаш му однесов 30.000 евра за пасош за Марко Божиќ. Лицето кое било контакт за пасоши за Македонија е лице со прекар Роко. Напоменав дека групата се занимавала со дистрибуција на дрога, обезбедување”, изјавил Лалиќ пред Специјалниот суд во Белград.

Аферата „Двојник“ во Македонија се однесуваше токму на издавањето на 215 македонски пасоши на познати бандити, наркобосови, криминаци, убијци, шефови на кланови од регионот и од светот во време кога министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски.

Судскиот процес за оваа афера заврши само со пресуди за неколку службеници во МВР.

Судијката која го судеше овој случај, Оља Ристова во август изјави дека очекувала дека обвинителството ќе продолжи со предистрага и истрага за организаторите на криминалната шема на издавање пасоши. Од обвинителството тогаш потврдија дека не се води постапка бидејќи нема докази против лица кои биле организатори во шемата со издавањето на патни исправи на криминалци со украден идентитет од граѓани.