Home Спорт ФИФА пресече: Роналдо не постигна гол против Уругвај

ФИФА пресече: Роналдо не постигна гол против Уругвај

Податоците од сензорот поставен во топката потврдиле дека Кристијано Роналдо не бил стрелец на првиот гол на натпреварот против Уругвај, објави денеска I-ES-Pi-En (ESPN).

Ова за американската телевизија го потврдиле од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и производителот на топки „Адидас“.

„Дефинитивно можеме да потврдиме дека немаше контакт со топката од Кристиано Роналдо за водечкиот гол на натпреварот“, се вели во соопштението.

Португалците со победата против Уругвај се пласираа во осминафиналето на Светското првенство.

За водечкиот гол на натпреварот Бруно Фернандеш нафрли кон Роналдо и изгледаше дека тој играше со топката, го тврдеше и Роналдо тоа самиот. Сепак, голот ќе остане запишан на Фернандеш.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…