Во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 11 декември запишани за гласање се 1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го заклучи Избирачкиот список за претстојните избори и го одреди изгледот на избирачкото ливче. Според претседателот на ДИК Александар Чичаковски, во Македонија ќе гласаат 1.531.368 граѓани, на посебниот Избирачки список запишани се 230.122 …