Актуелно

Алармантно: Во канадската војска секој ден има по најмалку три сексуални напади

Најмалку три сексуални напада се случуваат секој ден во канадската војска, а во главно ги вршат надредените, покажа резултатите на истрагата објавени во понеделник.

Околу 960 припадници на канадските оружени сили објавиле дека минатата година биле жртви на несакани сексуални контакти, вознемирувања или силувања, се вели во испитувањето во кое одговор дале повеќе од половината(43.000) припадници на оружените сили.

Овие податоци покажуваат дека не запреле сексуалните напади во војската повеќе од година дена по извештајот дека станува збор за средина несоодветна за жените и ЛГБТ заедницата.

Тие јасно ја покажуваат и неефикасноста на преземените мерки за решавање на проблемот.

Несаканите сексуални контакти(840 случаи) се најчест облик на напади.

Секоја четврта жртва го пријавила нападот, а останатите стравуваат од негативните последици од пријавите или не веруваат во процесот на тужба, велат учесниците во анкетата.

Повеќе од секоја четврта жена(27 отсто) изјавија дека биле жртви на сексуални напади најмалку еднаш од стапувањето во војска, додека меѓу мажите тоа било случај со 3,8 отсто.

Околу 10.000 жени служат воен рок во канадската војска.

Advertisements
To Top