Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман изјави дека помеѓу градските ривали постои пакт, помеѓу Реал и Атлетико да не купуваат играчи едни од други. „Точно е дека сакам да освојувам трофеи, но не можам да се преселам во Реал. Не поради ривалството туку поради пактот кои го имаат склопено двата клуба да не купуваат играчи едни од други“, изјави Гризман. …