Home Blog Page 4338

Ледените исландски пештери – природен феномен кој се менува од ден во ден

Ледените пештери на Исланд се неверојатен природен феномен што никогаш не изгледа исто два дена по ред.

5.1.ice-caves1

Научникот Хелен Бјорнсдотир, која го истражува овој феномен, го одредува сигурносното ниво на овие променливи пештери пред туристите да влезат во нив.

5.1.ice-caves2

„Она што најмногу ме привлекува кон овие пештери е тоа што се уникатни. Секое влегување во овој глечерски мраз е незаборавно искуство“, вели Бјорнсдотир за metro.co.uk.

5.1.ice-caves3

Бјорнсдотир, како што вели, секогаш го пронаоѓа необичниот факт дека пештерата каква ја видела еден ден никогаш веќе нема да биде иста. Сепак, таа нагласува дека овие пештери се многу опасни.

5.1.ice-caves4

„Често мораме да отстраниме бројни мразулци кои се создаваат на врвот пред туристите да влезат. Исто така, моравме да отстраниме оделни делови од глечерот од влезот за тој да не се урне. Во тој случај туристите ќе беа заробени внатре. Мразот внатре во пештерата се топи многу брзо и сигурносната ситуација брзо се менува“, објасни Бјорнсдотир.

5.1.ice-caves5

И покрај бројните опасности, сепак, не е можно да им се одолее на овие преубави пештери.

Ice Cave Group Photo

Си живее и ужива во оваа идила: Најсимпатичната зимска куќарка

Лекси ДуПонт има 26 години и професионално се занимава со фрирајд скијање, а своите денови ги минува и живее во ова мало си симпатично куќарче сместено во Националниот Парк Ајдахо во Америка.

4.1.kukjarka1

Куќарката која е голема само 46 квадрати на прва рака фантастично, како од некоја зимска идилична бајка, а поседува сè што е потребно за еден нормален живот, а сместена е среде прекрасно планинско опкружување.

4.1.kukjarka2

4.1.kukjarka3

4.1.kukjarka-4

4.1.kukjarka5

ТАРАТУР РЕПОРТАЖА: Костур во декември – убавините на егејскиот Охрид

Костур (или денес на грчки Касториа) е прекрасен град лоциран во западниот дел од Егејска Македонија, истовремено и административен центар на општина Костур и главен град на костурскиот округ.

DSC_0937

DSC_0938

DSC_0941

Самото пристигнување во градот нуди епска глетка на раскошната локација каде што е сместен Костур веднаш над езерските води.

DSC_0947

DSC_0952

Костур лежи на бреговите од Костурското езеро, под падините на планинскиот венец Грамошта (Грамос) и има импресивна полуостровска форма која понира кон езерското пространство на костурските води. Поради тоа, прошетката по кејот на Костур е вистинско уживање кое нуди фасцинантни глетки кои ги полнат очите со убавина.

DSC_0964

DSC_0967

Кога пристигнавме во Костур, на едно малечко плотадче веднаш до езерото се одржуваше некаква прослава на која свиреше блех оркестар кој, меѓу другите, на наша молба ја засвири и познатата егејска песна Ибраим оџа, во одлична инструментална верзија. А исвирија и неколку други македонски песни од егејскиот регион. Кога ја прашавме една од девојките која послужуваше храна на веселбата „што се слави“, таа едноставно ни одговори на шега дека „веселбата е во чест на свинскот месо“ (бидејќи тоа се служеше, заедно со бесплатното вино кое се точеше).

DSC_0969

DSC_0970

Шетањето по костурските улици кои водат од едниот крај на градот кон другиот, како своевиден превој, е само по себе и иницијација во градскиот живот на Костур. Кога сте на „врвот“ од градот кој се наоѓа на извишувањето од малечкиот полуостров, се пружа прекрасна глетка на костурската околина и природа.

DSC_0974

DSC_0978

DSC_0980

Сончевиот декемвриски ден нудеше прекрасни услови за опуштено шетање и впивање на костурските урбани и природни убавини. Истовремено, тоа беше и инспирација и мотивација да го посетиме Костур и на пролет, кога сета природа и зеленило ќе бидат во полн расцут. Срдечно ви препорачуваме да го посетите овој егејски град кој некогаш бил целосно населен од македонско население. И денес, кога ќе влезете во некој угостителски или продажен локал, нема да ве зачуди што добар дел од луѓето разбираат македонски јазик, а некои од нив и одлично го говорат.

DSC_0982

DSC_0984

DSC_0986

DSC_0987

DSC_0991

DSC_0996

DSC_0998

DSC_0999

DSC_1001

DSC_1013

DSC_1018

DSC_1025

DSC_1027

DSC_1029

DSC_1031

DSC_1039

Текст и фотографии: Александар Војнески

ТАРАТУР РЕПОРТАЖА: Невеска – егејското Крушево

На надморска висина од 1.350 метри, скрасено во едно симпатично и заштитнички настроено вдлабнување на висините од Нередска планина (која се протега во западниот дел од Егејска Македонија, и која го заградува Леринското поле како дел од Пелагонија, поврзувајќи се со Баба планина преку превојот Вигла), тихува и ги чува спомените од своите бурни минати времиња гратчето Невеска.

28.12.neveska1

28.12.neveska2

Некогаш прилично населено место, со околу 3.500 жители, како дел од околината на Лерин, денес ова сместо има околу 50-тина постојани жители кои се грижат за неговиот културолошко-туристички опстој, бидејќи од грчкото министерство за култура е заштитено како културно наследство поради неговата автентична архитектура.

28.12.neveska3Архитектура во Невеска (погоре и подолу на фотографиите)

28.12.neveska4

За гратчето, кое, слично како Крушево, отсекогаш важело за место населено со влашко население, првите историски податоци датираат од отоманските дефтери од 1481 година, кое оттогаш било познато под името Невеска (денес го носи грчкиот назив Нимфаио), кога броело само 6 домаќинства. Според историските записи, селото е населено во 1385 година од Влашките патници, кои тогаш имале тешки битки со отоманската војска.

28.12.neveska6

28.12.neveska7центарот на Невеска

Во раниот 17-ти век неговото население гратчето го направило центар на кујунџискиот занает, по што ќе бидат познати и другите влашки населени места во Македонија. Но, она по што најмногу се памети Невеска и нејзиното непокорно население во срцето на Егејска Македонија, е бурниот период од Илинденското востание, поточно настанот кој во историјата останува запаметен како „Ослободувањето на Невеска“.

28.12.neveska8

28.12.neveska9училиштето

Заедно со Крушево, Илинденското востание носи ослободување на уште две македонски населени места – Невеска и Клисура во Егејска Македонија. Во невеската битка, на 12 август, осум дена после ослободувањето на соседното гратче Клисура, Невеска било ослободено од илинденските востаници на четите од Васил Чакаларов, Пандо Кљашев, Марко Иванов и Никола Андреев. За почетокот на борбата за ослободување во костурскиот регион се разбрало по пренесувањето на прогласот кој набрзина го составил Лазар Поп Трајков, а кој гласел:

„Востанието е објавено денес. Македонија е во отворена борба со тиранинот. Отаде Вич борбата е започната од денес наутро. Ги повикуваме сите способни да носат оружје, по утврдениот редослед, да влезат во редовите на борците! Да живее борбата за слободна Автономна Македонија! Да живеат борците!“

28.12.neveska10

28.12.neveska11

28.12.neveska12

Ослободувањето на Невеска, како и ослободувањето на Клисура, било дело на здружените востанички чети од Костурскиот и Леринскиот востанички реон. Врз основа на разработениот план кај селото Псодери, операцијата за ослободување на Невеска била изведена под команда на искусниот војвода Васил Чакаларов, а во содејство со војводите Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Никола Андреев, Никола Мокренски и др. Во нападот учествувале околу 700 востаници кои од четири страни настапувале кон градот.

28.12.neveska13

28.12.neveska14

Нападот, со силен оган, во три часот наутро, го започнал леринскиот одред кој напаѓал од северната страна на Невеска. Четирите одделенија на војводата Иван Попов, со прецизна стрелба оневозможиле турските војници да дојдат до оружјето, а други три се доближиле до војниците. Забележувајќи дека од спротивната страна нема стрелба, турските војници избегале во панично бегство во правец на Зеленич, оставајќи го оружјето и опремата. Веднаш потоа војводата Попов, од северната, а Андреев од јужната страна влегле во градот.

28.12.neveska15

28.12.neveska17црквата Свети Никола

По влегувањето во градот востаниците наишле на отпор од турските војници во касарната. Но, откако увиделе дека долго време нема да издржат, турските војнци избегале. Востаниците во касарната заплениле 37 модерни пушки маузер, 6.000 куршуми, воена опрема, шинели и друго, по што ја запалиле.

28.12.neveska18

28.12.neveska19

Денес Невеска има добро сочувана автентична архитектура која е репрезент на егејските неимари. Има неколку кафулиња среде автентичниот епицентрален амбиент на гратчето, продавници за сувенири. Ако одите во Невеска, задолжително да ги посетите црквата Свети Никола и училиштето, во кое се изложени фотографии од минатото на гратчето.

28.12.neveska21

28.12.neveska20

Невеска и денес плени со својата симпатичност и уникатност, а движејќи се по неговите улици, и со духот ќе се вратите во минатите времиња.

28.12.neveska22поглед од кај Невеска кон планината Сињак (или Снежник) десно, и таму лево ѕиркаат врвовите на Олимп

Фотографија и текст: Александар Војнески

*(историските податоци се земани од извори достапни на интернет)

245 години од раѓањето на музичкиот гениј Бетовен – после него ништо не беше исто

Пред 245 години беше Бетовен и после него ништо не беше исто во класичната музика. Што друго може да се каже за музичкиот гениј?

Лудвиг ван Бетовен, роден 17 декември 1770, починал на 26 март 1827, германски композитор на класична музика и пијанист. Бил важна фигура во транзициониот период помеѓу класицистичката и романтичарската ера во западната класична музика и еден од најважните музичари во историјата на класичната музика воопшто. Останал еден од најпочитуваните и највлијателни композитори на сите времиња.

Роден е во Бон, се сели во Виена, во раните дваесетти години од неговиот живот каде учи со Јозеф Хајдн и брзо стекнува репутација на пијанист виртуоз. Слухот му се оштетува во третата деценија од неговиот живот, но продолжува да компонира, диригира и врши изведби, дури и по целосното губење на слухот.

Со деветте симфонии, Бетовен го револуционаризираше оркестарот и ги испреврте сите поранешни приоди кон симфониската форма. Првите две, комплетирани во 1800 и 1802 последователно, се отворено базирани на Моцартовата и Хајдновата музика. Но третата, Eroica, навести тотално нов концепт на мерила. Од петтата до деветтата тензично се ослободуваат од притисокот и структурата на класичарските стеги и подвижно продолжуваат кон се повеќе романтичарскиот, субјективен приод кој превагнуваше во средината на деветнаесеттиот век во Европа.

17.12.beethovens-245th-birthday

245-от роденден на музичкиот гениј го чествува и Google со своја пригодна посвета на нивната основа страна од пребарувачот.

ЕВЕ ГИ НАГРАДЕНИТЕ: „Поетска везилка“ в среда во Прилеп!

Во Прилеп продолжува една убава манифестација која „се заканува“ дека ќе биде традиционална. По вторпат, во чест на роденденот на доајенот на македонската литература – Блаже Конески, се организира „Поетска везилка“, конкурс за избор на најдобра лична творба.

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, втора година по ред објави КОНКУРС „ПОЕТСКА ВЕЗИЛКА“ за избор на најдобра лична творба. Конкурсот беше отворен од 26.11.2015 до 10.12.2015 година. Во конкуренција од 49 поетски творби изборот на наградените учесници го направи стручна комисија во чиј состав беа Весна Михаиловска – професор по Македонски јазик и литература, Петар Петрески – директор на Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп и Цеца Видова-Трајческа – професор по Македонски јазик и литература.

На конкурсот прва награда освои Лидија Дочовска Павловска со личната творба „ Солзите на Преспана“. Второто место го поделија Тони Павлески со личната творба „Ако каменот имаше душа“ и Анастас Ќушкоски со „Црно видение“. Трета награда ја освои Ирена Стевановска со личната творба „Овде, на врвот на желбите“.

Ве покануваме на доделување на наградите и благодарниците, како и промоција на второто издание на Алманахот „Поетска везилка 2015“ што ќе се одржи во среда, 16.12.2015 година во 19 часот во Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп.

12376732_930290647059737_2175024749377180765_n

Со велосипед над маглите и трескавечки панорами кои ги полнат очите

Аџилакот на духот и телото кој го нуди патешествието до манастирот Трескавец, кога од Прилеп, преку Маркови кули, ќе се упатите низ врвулестата патека која минува низ разиграни предели од падини и карпи, декорирана од крајпатните лески, во никој случај не ја изгуби магијата со асфалтирањето на обиколниот пат до манастирските порти. Добро, освен можеби што го нараси возвишеното чувство во моментите кога пристигнуваш пред Трескавец, па ти се мешаат визуелни дразби од автомобили и асфалт кои никако да се навикнеш дека ги има среде таа торжествена убавина. И не им е баш местото така и таму, но факт е дека ги има и тоа е тоа. Па мораш да се помириш со тој факт, и барем на моменти да го оправдаш истото со оние малку позитивни и олеснителни околности кои ги донесе „асфалтот до Трескавец“.

Но, за нашата мала екипа од подмаркукулските карпи, кои освен со пешачењето, посакуваме да ги искусиме висините и со велосипедската дразба за телото и духот, асфалтот донесе извесни олеснувања во поглед на доживувањето на патешествието наречено Трескавец. Велам извесни, бидејќи секој кој го поминал асфалтираниот пат до манастирот со автомобил убаво знае дека асфалтот веќе на повеќе места е сериозно оштетен од еродирање на земјштето, поради неквалитетната заштита на истиот, па колку што олеснува за движење, толку донесува и проблеми и потешкотии кои, поради невнимание, можат да бидат и сериозно незгодни.

10.12.nad-maglite1

Како и да е, нема тука да разврзувам што и како со асфалтот за Трескавец, туку сакам да ви пренесам едно велосипедско искуство од минатиот викенд, кога Прилеп тонеше (а и овие денови уште тоне) во магла и влага, а на само 300-400 метри над градот, маглата ги губеше (и уште ги губи) своите моќи, препуштајќи го влијанието на речиси пролетното време со температури кои го надминуваат и 20-от степен на скалата од Целзиус.

10.12.nad-maglite2

Секој што ќе реши да качува со велосипед до Трескавец, треба да знае дека делницата е навистина угорна, со чести стрмнини од над 15%, што „вртењето педали“ навистина го прави подвиг и напор. Има ужвање и во тоа, само зависи кој како го перцепира и сфаќа концептот за уживање. Тргнувањето беше од магливите улици на Прилеп, и прилепскиот воздух обременет од влага и студ, па времето лесно може да те демотивира да вртиш со велосипедот, доколку духот и мислите не ти се веќе над замаглената урбана средина, таму некаде, горе, во висините под и околу Трескавец. И знаеш дека таму те чека сонце. Сонце и чист воздух. Благодет и за тело и за душа. А и за поглед, поради фактот што се шират импресивни панорамски видици збогатени од морето од магла кое се шири под тебе. Ама тоа кога ќе стигнеш таму. Првин треба добро да ги стегнеш нозете, оти угорнината предизвикува и на моменти фрустрира.

10.12.nad-maglite4

10.12.nad-maglite3

Попатните паузи при вртењето нагоре не се нужни, барем не ако сте добро подготвени кондиционо, но се препорачливи како заради одмор и собирање енергија за понатаму, но многу повеќе и за уживање во глетките кои почнуваат да се простираат пред очите, како што маглата останува под тебе.

10.12.nad-maglite6Врвовите на Баба Планина

10.12.nad-maglite5Маркови кули ѕирка од маглата, таму назад Селечка Планина

А пред тебе планински дразби и врвични импресии. Па ги гледаш на југ гордите врвови на Баба Планина – гордиот Пелистер, молчаливиот Муса, заснежените падини под нив кои веќе ги држат првите снегови за оваа сезона. Погледот ти бега накај Селечка на исток, а таму позади и Кајмакчалан во осаменост среде маглата. Накај запад го гледаш Крушево, удобно скрасено во лулката на Бушева Планина.

10.12.nad-maglite8

10.12.nad-maglite9Солунска глава

Кога ќе накачиш накај подманастирскиот предел веќе ти се отвора поглед кон неприкосновениот восторг наречен Солунска глава. А назад почнуваат да се подаваат шарпланинските заснежени врвови. Импресиите се редат една до друга, една зад друга, една пред друга, сите со своја уникатна и препознатлива раскош. И тоа барем на кратко го смирува духот.

 

10.12.nad-maglite7

Со искачувањето пред манастирските порти со велосипед Трескавец се доживува на еден сосема поразличен начин од „ходочастието“ кое го правиш кога му пристапуваш по една од стандардните планинарски патеки. Различен концепт за искусување на тие височини, различни дразби за телото, далеку помонотон предизвик, но со засебен и уникатен шарм и импресивност. Повеќе преиспитување со сопственото тело, со личната енергија, преиспитување со сопствената телесна опстојба и настројба.

10.12.nad-maglite10Пелистер гордо издигнат над маглите

10.12.nad-maglite12Снеговите на Шара ѕиркаат во позадина

Сепак, независно од тоа, убавината и возвишеноста кои се простираат пред тебе и те исполнуваат кога ќе стапнеш таму горе, пред Трескавец, се универзални. Искуството секогаш ново, секогаш за нијанса поимпресивно од претходното – кога и да било, како и да било тоа (претходното). Уживаш, се ситиш од сета таа импозантна дразба околу тебе, ги голташ убавините со погледот, до ненаситност ги пикаш во зениците, пред да тргнеш надолу, во брз и динамичен спуст по удолнините кои пред извесно време те истоштуваат и мачеа кога ги качуваше нагоре.

10.12.nad-maglite11

А спустот е опасно брз, па треба концентрација и големо внимание. За да заврши таму некаде, во прилепските магли и влага. Но, барем за наредните неколку дена ќе бидеш со побогат и поголем дух, облагороден од велосипедското патешествие наречено „асфалтот до Трескавец“. До некој следен пат.

10.12.nad-maglite13

Текст и фотографии: Александар Војнески

Археолозите тврдат: Гробот на Сулејман Величественот откриен во Унгарија

Гробот на легендарниот султан на Османското царство, Сулејман Величествениот, во кој се наоѓа неговото срце, речиси сигурно е откриен во Унгарија, каде починал во 1566 година, изјави унгарски истражувач во средата, по ископувањата кои започнаа во октомври годинава.

Султанот Сулејман Величествениот починал во 1566 година на 71 година по битката кај Сигетвар, недалеку од денешната граница меѓу Унгарија и Хрватска.

„Речиси сум сигурен дека тука се наоѓа гробот, изјави Норберт Пап кој ја води екипата којашто од октомври започна со ископувањата на местото на коешто се претпоставува дека се наоѓа гробот на султанот. Ископувањата ќе бидат прекинати во текот на зимата, а ќе продолжат во април.

Телото на Сулејман Величествениот по неговата смрт е пренесено во Истанбул, но според легендата неговото срце и внатрешните органи се погребани на местото каде што умрел.

Досегашните ископувања кои се изведуваат со поддршка на унгарската и турската влада откриле остатоци од џамија и други градби чие сметување одговара на описот на османскиот град Турбек која на тоа подрачје се наоѓа на стара француска мапа со натписот „Тука почива Сулејман“.

„Многумина во Турција се прашуваат каде е неговиот гроб. Сега конечно се доближуваме до одговорот“, изјави турскиот амбасадор во Будимпешта, Шакир Факили.

Зошто Старите Грци ритуално ги жртвувале грдите луѓе?

Покрај филозофите, просветените политичари и прекрасните уметнички дела, древната цивилизација на Стара Грција имала и своја мрачна страна. Верувањето во подземниот свет пре полн со демони, духови и разни други сеништа од кои сите се плашеле.

Ништо подобро не може да ве запознае со овој мистичен и застрашувачки аспект од животот на Стара Грција, од ритуалот фармакос (φαρμακός), церемонија која се одржувала на годишно ниво од 8 до 5 век пред новата ера.

Потеклото и деталите на ритуалот се мистериозни: постоечките историски извори нудат само мал дел од приказната.

Сепак, знаеме дека во тој период во кој постоеле болести и глад, секој грчки град го бирал најгрдиот жител, кој во ритуалот имал улога на „фармакос‟ („грд‟ – во овој случај веројатно значи деформиран на некој начин и сигурно припадник на ниските слоеви на општеството).

Тоа лице на некое време добивало храна на товар на општеството и тоа најголеми деликатеси достапни во тоа време, како смокви, колачи од јачмен и сирење. Потоа, тој или таа биле спроведувани низ градот и ѕверски тепани со гранки.

Судбината на овие несреќници главно зависела од локалните традиции. Во некои места само ги бркале од населеното место, додека во некои места фармакосот бил каменуван до смрт, запален или фрлен од карпи.

На пример, во Атина ритуалот се одбележувал во текот на тригодишниот фестивал Таргелија.

Тешко е да се најде одговор на прашањето зошто општеството ги жртвувало своите „грди‟ членови. Пред се, старите Грци се опседнати со чистота, а тие кои отстапувале од институционализираните норми биле сметани како закана.

Физичката несовршеност била сметана за показател на морални недостатоци и затоа децата со посебни потреби биле напуштани и исфлувани надвор од градските ѕидини.

Второ, грчката митологија на многу места покажува дека жртвувањето на поединец дава моќ да се спаси целата заедница, што е одраз на предцивилизациските придобивки во кои племето опстанувало така што ги жртвувало најслабите членови.

Ритуалот фармакос имал и функција на катарза, прочистување на гревовите на комплетното општество. Од самиот збор фармакон, од кој е изведен англискиот збор „фармација‟, кој истовремено означува и отров и лек. Во него е содржана двојната природа на фармакос: тој истовремено бил виновник за сите зла кои го погодуваат општеството, но и негов спасител. Токму затоа и пред жртвувањето бил почестуван со најубава храна.

Секако, со елиминацијата на фармакосот не можеле да ги решат проблемите на општеството, но затоа тој ритуал ги намалувал тензиите кои се зголемувале во текот на тешките времиња и се избегнувала можноста за хаотично и неконтролирано крвопролевање.

Праксата е незамислива во многу современи култури, но самата негова суштина не е исчезната. Често комплетните заедници се вртат против најслабата група, против немоќните, бездомниците, бегалците…

Како и старите Грци, и луѓето денес проектираат најстрашни аспекти од себе и општеството на кое припаѓаат на некој поединец или група. Таа сила која и денес го формира однесувањето на луѓето може да има подалекусежни последици од линчот на целата маса.

Пештерски индонезиски слики стари над 40.000 години

Експерти од универзитетите за археологија од Џакарта и Волонгонг, Австралија, деновиве издадоа серија документирани докази според кои во пештери на островите Сулавези и Јава се потврдува пештерско сликарство, но и постоење на припитомени коњи од пред 35 до 40.000 години.

Археолозите и историчарите до скоро сметаа дека коњите на индонезискиот архипелаг биле донесени од хордите на монголските племиња кои ги предводел прочуениот Кублај Кан, во 13 век.

Во светската историја до сега за најстари пештерски слики на коњи се сметаа откритијата во Франција и Шпанија. Слики на коњи и повеќе други четвороножни животни од праисторијата се наоѓаат во пештерите Ласко и Пе Мерл во Франција и попознатата Алтамира во Шпанија.

Со објавувањето на соопштенијата во Џакарта, експертите од Индонезија и Австралија искоментираа дека нивниот труд и откритијата не го сметаат како процес на докажување на тоа каде почнува светската цивилизација, туку како доказ повеќе дека на различни делови на планетата земја духот и околностите во кои живееле луѓето од тоа време упатуаат на пошироки хуманитарни сознанија за универзалноста на планетата земја и нејзините жители.