Изгоре автомобил на поранешен пратеник на ДУИ. Инцидентот се случил вчера по полноќ кога бил запален голфот на М.Џ. (42) од Куманово пред неговата куќа на улицата „11 Октомври“ во Куманово, пренесува порталот Сакам да кажам. Како што соопштува кумановската полиција, пожарот се случил во 1.40 часот, кога непознато лице со бензин ја полеало хаубата на возилото и ја запалило. …