Иниеста: Сакам, но не знам дали ќе останам!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како гром од ведро небо стигна информацијата дека Барселона нема намера да го продолжи договорот на својата ѕвезда, Андрес Иниеста.

Иниеста има договор до 2018 година, а сеуште нема информации дали клубот ќе му понуди продолжување на соработката или ова лето ќе се раздели со својот плејмејкер.

Медиумите веднаш почнаа да шпекулираат и да го поврзуваат Иниеста со неколку еввропски гигнати, пред се со Јувентус, но тој самиот не крие дека сака да остане на „Камп Ноу“.

„Јас се надевам дека ќе останам! Мојата желба е да ја завршам кариерата во Барселона. Сепак, во фудбалот никогаш не знаете каде ќе ве однесат работите. Тоа не зависи само од мене, треба да видам какви се плановите на клубот“, изјави Иниеста.