Патните правци кои водат кон источниот дел од Македонија се целосно затворени за сообраќај, информираше утрово Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Автопатот од Велес до Скопје е непрооден. Патниот правец од Штипска петља до Катланово е целосно затворен за сите видови на патнички и товарни возила. Од наплатна станица Отовица до Кула воопшто нема проодност на сообраќајот бидејќи има заглавено повеќе возила. …