Првите две одлуки кои ги донесе и потпиша Трамп на првиот негов ден во Белата куќа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот американски претседател Доналд Трамп на првиот работен ден веднаш по сите свечености во Овалната канцеларија во Белата куќа донесе две важни одлуки.

Со првата тој ги сопре сите регулативи од претходната администрација донесени во последниот период на владеење кои се уште не се официјализирани што е речиси стандардна процедура со цел новата влада која тој ја предводи да може да „завземе корен“.

Втората пак, е помалку загрижувачка одлука бидејќи им наложи на сите агенции да го намалат товарот врз буџетите за здравствена нега, особено за познатиот Обамекер.

Шон Спајсер, новиот секретар за односи со јавност, на Белата куќа на медиумите им објасни дека Трамп го направил првиот чекор кон намалување, а подоцна и укинување на Обамакер кој ќе биде заменет со нова програма за здравствена заштита, но се уште нема план што тој ќе опфаќа, колку ќе чини и од каде ќе се најдат пари.