Home Шоубизнис Ќерката на Барбара Бари ги откри нејзините последни зборови пред смртта со медицинска помош

Ќерката на Барбара Бари ги откри нејзините последни зборови пред смртта со медицинска помош

Барбара Бари

Откриени се последните зборови на Барбара Бари, актерката номинирана за Оскар, која почина неделава на 95-годишна возраст. Откако ѝ бил дијагностициран рак во терминална фаза, таа одлучила да го заврши животот со медицинска помош.

Бари доби номинација за Оскар за улогата во филмот „Breaking Away“ од 1979 година. Ја играше и Сара во оригиналната бродвејска постава на мјузиклот „Company“ на Стивен Сондхајм, улога што ѝ донесе номинација за наградата „Тони“. Позната е и по филмот „One Potato, Two Potato“ и по настапите во телевизиската серија „Barney Miller“ во 1970-тите.

Во ново интервју, нејзината ќерка Џејн Харник раскажа како изгледале последните мигови од животот на актерката.

Барбара Бари

„Додека заспиваше, сите ѝ рековме: ‘Те сакаме’. А таа одговори: ‘И јас ве сакам’. Тоа беа нејзините последни зборови“, изјави Џејн за „Пејџ сикс“.

Според неа, мајка ѝ силно го поддржувала правото на медицинска помош при умирање и сакала токму така да го заврши својот живот.

„Со години, многу пред воопшто да се разболи од што било, постојано велеше: ‘Кога ќе дојде моето време, сакам само да земам нешто и да заспијам’. Таа навистина веруваше дека тоа е човеково право“, додаде Џејн.

Во 2025 година, Бари направила операција за замена на колкот за да може последната година од животот да ја помине без болки.

„Некои лекари не сакаа да ја оперираат. Најдовме еден што се согласи и беше неверојатен. Пред крајот на животот му напиша: ‘Ви благодарам, ми го направивте последното лето совршено’“, раскажа Џејн.

Дијагнозата за рак во терминална фаза ја добила само три недели пред смртта.

„Тоа навистина беше пресудно… Целосно ја ослаби. Не го чувствуваше, но болеста си го земаше данокот“, рече Џејн. „Истовремено ги планиравме нејзината смрт и комеморацијата, а таа немаше проблем со тоа. Учествуваше во изборот кој да зборува и каква музика да има, и навистина беше спокојна со сето тоа. Беше подготвена да си замине. Сметаше дека 95 години се доволно“.

„Имаше 95 години и неверојатен живот. Направи сè што сакаше и го имаше семејството што го посакуваше. Одлуката беше целосно нејзина, а сите ние ја поддржавме. Таа се залагаше за тоа право“, заклучи Џејн.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Торта и роденденска песна: Алексеј ја разнежни Сара Јо на нејзиниот 33. роденден (ФОТО)

Сара Јо го прослави 33. роденден со најблиските пријатели, а нејзиниот партнер Алексеј Бје…