Тројца млади жители на Богданци починаа, а еден е повреден во тешката сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 14.30 часот на патот Гевгелија – Богданци. Според МВР се судриле автомобили „ауди-3“ управуван од 20-годишниот Б.Џ. од Богданци и „форд фиеста“ управуван од 40-годишниот Љ.П. од Кавадарци. Животите во несреќата ги загубиле 20-годишниот М.Ш. и 17-годишната К.П.,и двајцата од Богданци. …