Постигнати вкупно 7 гола: Во ефикасен меч, Еспањол подобар од Лас Палмас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во рамки на 27-то коло од шпанската Ла Лига, Еспањол го дочека и победи Лас Палмас со конечен резултат од 4:3.

Уште во првиот напад на голот од страна Давид Лопез, Еспањол дојде во водство. Потоа, домаќините имаа уште неколку шанси за погодок кои останаа неискористени.

Израмнувањето стигна во 31 минута, кога мрежата на Диего Лопез ја погоди Уругваецот Лемос. Но, домаќините на одмор заминаа со гол предност, бидејќи за 2:1 погоди Морено во 45-та минута.

Лемос и во 49 минута израмни на 2:2, а Пјати во 53-та минута, од белата точка, ја врати предноста за домаќините. Во 74-та минута Журадо погоди за 4:2, а надежта за гостите да освојат бод ја врати Гарсија во 84-та минута, кога намали на 4:3.

Но, резултатот во последните минути од натпреварот не се менуваше. Со нови три бода, Еспањол на табелата го замина Еибар, па моментално се осми со натпревар повеќе, додека Лас Палмас остана на 12 место.