Момче од Тетово вчеравечер околу 20 часот било нападнато од двајца малолетници кои го повредиле со нож. Во СВР Тетово, И.Џ. вчера околу 22:45 часот пријавил дека истиот ден по кратка расправија, физички бил нападнат од две 14-годишни деца. Тие со нож му нанеле видливи повреди во пределот на десната страна од главата и во левата рака, соопштија од МВР. …