Home Актуелно Малолетници со нож раниле момче од Тетово

Малолетници со нож раниле момче од Тетово

Момче од Тетово вчеравечер околу 20 часот било нападнато од двајца малолетници кои го повредиле со нож.

Во СВР Тетово, И.Џ. вчера околу 22:45 часот пријавил дека истиот ден по кратка расправија, физички бил нападнат од две 14-годишни деца. Тие со нож му нанеле видливи повреди во пределот на десната страна од главата и во левата рака, соопштија од МВР.

На И.Џ. веднаш му била укажана лекарска помош во Клиничка болница, Тетово, а потоа е пуштен на домашно лекување.

Во СВР Тетово биле повикани родителите на децата и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…