Се преземаат мерки за заеднички енергетски западнобалкански пазар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министрите за надворешни работи од Западен Балкан и од Европската унија денеска во Скопје потпишаа два важни договори за енергетска ефикасност и зелен развој.

На состанокот кој се одржа во македонското Министерство за надворешни работи присуствуваше и Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Министрите, освен за енргетиката и инфраструктурното поврзување, разговараа за низа прашања за соработка меѓу земјите од Балканот и Европската унија.

Во однос на потпишувањето на двата финансиски договори за енергетска ефикасност, Хан истакна дека со нив се предвидени 50 милиони евра за подобрување на енергетиката во домакинствата, како и во јавниот и приватниот сектор.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека е направена мапа и цели кои земјите потписнички треба да ги исполнат, истакнувајќи дека прогресот ќе го следи заедничкото тело и енергетската заедница со седиште во Виена. Пешевски нагласи дека во ооднос на енергетската инфраструктура, поврзувањето и правната регулатива, сите шест држави направиле прогрес.

Се прават големи чекори за заеднички пазар за електрична енергија на овие шест држави. За тоа прво е потребно да се хармонизира правната рамка, но постојат и низа други работи како олеснувањето на трговијата со електрична енергија меѓу државите, но тие ќе треба да исполнат и други цели до Самитот во Трст оваа година, вели Пешевски.

Министерот за надворешни работи и вицепремиер, Никола Попоски, изјави дека на средбата, освен за енергетското и инфраструктурно поврзување, било разговрано и за воспоставување на временска рамка за членството на земјите од балканот во ЕУ, било дискутирано за владеењето на правото и корупцијата во земјите и за воспоставувањето на системот за регистрација на ЕУ, за кој е извесно дека ќе бидат засегнати и граѓаните од Балканот.