Славни

Шварценегер ќе се одмаздува за смртта на семејството

Американскиот филм Aftermath е драма во најава која е потпишана од режисерот Елиот Лестер и сценаристот Хавиер Гуљон.

Филмот е базиран на вистински настан – судар на два авиони во германскиот Иберлинген на 1 јули, 2002 година, и убиство на контролорот на тој лет кој бил ликвидиран од рускиот архитект Виталиј Калојев чија сопруга и деца загинале во споменатата несреќа (повеќе на несреќата ТУКА, за случајот Калојев ТУКА).

Филмската приказна го следи Виталиј чие семејство смртно настрадува во споменатата несреќа. Трагедијата се случила за време на смената на контролорот Питер Нилсен кого Виталиј го обивинува за случувањето на несреќата.

Филмот на свој грб го носи великанот Арнолд Шварценегер, а го следат Скот МекНери, Меги Грејс и Мартин Донован. Премиерата е закажана за 7 април, 2017 година.

Advertisements
To Top