Во Македонија денеска, среда, 29. март, времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен ветер од северен правец и дневна температура од 12 Целзиусови степени. …