Home Актуелно Граѓаните го начекаа Ковачевски во маркет, па му кажаа што мислат за актуелните цени на производите

Граѓаните го начекаа Ковачевски во маркет, па му кажаа што мислат за актуелните цени на производите

Граѓаните кои се најдоа затечени во еден од скопските супермаркети кој го посетијапремиерот Димитар Ковачевски и министерот Крешник Бектеши го искористија нивното присуство за да го искажат незадоволството од мерката за замрзнување на цените.

– Цениве се до плафон. Со два денари макарони и денар на јајца кои беа 99 денари тоа не е мерка. Дојде тежок животот, не можеме да купиме ниту лекарства со тие пари – му се обрати една повозрасна жена на премиерот.

Затекнат од ситуацијата во која жената се појави пред него со празна корпа, Ковачевски ја оправда скапотијата со војната во Украина и го искористи моментот да се пофали што неговата Влада направила.

– Точно е дека се зголемени цените затоа што се води војна во Украина. Она што направивме е замрзнување на цените со што се намалија цените за десет отсто. Ја замрзнавме цената на јајцата и на оризот. Сега се поевтини и за десет проценти од тоа што беше. Таму каде што не можевме да стигнеме до џентлменски договор, донесовме одлуки на Влада – и врати Ковачевски на купувачката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…