Ладен и ветровит вторник


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот вторник од месец март во Македонија носи променливо облачно и студено време со засилен ветер од северен правец (локално над 80 км/час).

Во утринските часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во текот на денот ќе провејува слаб снег.

Во Скопје променливо облачно и судено со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе надминува брзина над 60 км/час, а дневната температура ќе достигне до 9 Целзиусови степени.

Маврово 1, Охрид 7, Битола 8, Крива Паланка и Берово 5, Кавадарци 10, Дојран 12.

Утре наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 3 до 14 степени.