Македонското обвинителство за ГОК отвори предмет по допрен глас за коридорите 8 и 10д


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонското обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информираше јавноста дека по новинарските извештаи за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отворило предмет по допрен глас.

„Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, велат од ОЈОГОК.

По објавите во медиумите во однос на компаниите вклучени во конзорциумот ИРД што беше избран за надзор, Антикорупциската комисија веќе најави дека ќе ги провери наводите.

Автопатите што треба да ги гради Бехтел и Енка, уште не почнати, се соочуваат со скандали. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали. Премиерот Димитар Ковачевски, денеска повтори дека што и да утврдат надлежните за коридорите 8 и 10д Владата ќе постапи согласно со наодите.