Француските демонстранти го блокираа влезот во музејот Лувр – туристите револтирани од тоа (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Демонстрантите во Франција кои протестираат по улиците на Париз и други градови револтирани од потегот на претседателот Емануел Макрон возраста за заминување во пензија во земјата да ја крене без гласање во парламентот го блокираа вчера влезот во парискиот музеј Лувр, со што ги фрустрираа оние кои сакале да ја посетат туристичката локација.

Помал број демонстранти се собраа пред стаклената пирамида на Лувр и мирно протестираа против планот повеќето Французи да работат до 64 години за да се избалансира пензискиот буџет. „Во пензија со 60 – работи помалку за да живееш повеќе“, пишуваше на еден од транспарентите.

Разочараните туристи чекаа во ред пред музејот. „Ова е смешно, доаѓаме од сите страни на светот со своите деца во посета на музејот и смешно е 20 луѓе да го блокираат влезот“, кажа Самуел, мексикански турист.

„Навистина им го разбирам проблемот и тоа е сосема во ред. Но, сите би сакале да ја видиме Мона Лиза“, кажа Џејн, посетителка од Лондон.

Вработените на Лувр беа меѓу демонстрантите пред славниот музеј. На посетителите им се обрати туристички водич од Лувр: „Се надеваме дека ги разбирате нашите причини“.

Протестот следи по масовните штрајкови и улични маршеви низ земјата, повремено проследени со насилство во големите градови, поради реформата на пензискиот систем.