После осумнаесетдневна голгота на 12-те момчиња и нивниот тренер заглавени во пештерскиот комплекс во Тајланд, нивните маки завршија со среќен крај. Сите се спасени и извлечени на безбедно. Солзи радосници, ракоплескања и восхитувања од присутните во моментите кога спасувачите го извлекоа и тренерот кој остана последен за спасување од пештерата. Заедно со уште четири момчиња, меѓу кои и најмалото од …