Џорџ Клуни повреден во сообраќајка на Сардинија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека славниот холивудски актер Џорџ Клуни е повреден во сообраќајна несреќа на Сардинија.

La Nuova пишува дека Клуни со скутер патувал на сет во Коста Коралина, каде ја снима својата нова мини серија, и дека за време на возењето се судрил во автомобил. На социјалните мрежи е објавена и фотографија од местото на несреќата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Клуни доживеал само полесни повреди на телото едната рака и едната нога. Sun пренесува дека Клуни поради ангажманите со снимањето на Сардинија престојувал со цело семејство.