Home Шоубизнис Спилберг подготвува вестерн со Килијан Марфи и Џеси Бакли, по сценарио на Пол Томас Андерсон

Спилберг подготвува вестерн со Килијан Марфи и Џеси Бакли, по сценарио на Пол Томас Андерсон

Стивен Спилберг подготвува нов вестерн за „Фокус фичерс“, објави „Дедлајн“ во понеделникот, на 23 ноември. Оскаровецот, кој има 79 години, ќе биде режисер и продуцент на филмот.

Главните улоги во проектот, кој засега нема наслов, ќе ги толкуваат Килијан Марфи и Џеси Бакли, а во актерската екипа е и Марк Рајланс.

Стивен Спилберг подготвува нов вестерн

Сценариото го пишува оскаровецот Пол Томас Андерсон, според романот „Срцето во зима“ од Кевин Бери. Ова ќе биде првпат Андерсон да напише сценарио за филм што нема и самиот да го режира.

Премиерата е планирана за 2028 година. Приказната следи „двајца бегалци чија љубов е осудена на несреќа, кои се обидуваат да најдат свое место на американскиот Запад“.

Стивен Спилберг и Пол Томас Андерсон на ручекот за номинираните за Оскар

Во разговор за „Дедлајн“, Спилберг откри дека со години сакал да соработува со Андерсон.

„Навистина ме возбудува можноста да работам со мојот драг пријател и колега Пол Томас Андерсон во овој жанр. Но, уште поважно од жанрот е тоа што станува збор за приказна која многу брзо ни прирасна на срце на двајцата и почувствувавме дека можеме да ја раскажеме заедно“, изјави тој.

За изборот на главните актери, Спилберг рече дека Марфи и Бакли се „единствените двајца актери што би можеле да ги одиграат овие ликови“.

„Ова е приказна за луѓе што одбиваат да се задоволат со живот кој им нуди помалку отколку што заслужуваат, но можеби повеќе отколку што можат да поднесат“, рече Спилберг. „Џеси и Килијан беа првите што ми паднаа на ум за овие улоги, а досега немаат снимено филм заедно.“


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Саша Ѓорѓевиќ со емотивна честитка до родителите за 60 години брак

Саша Ѓорѓевиќ ретко споделува моменти од приватниот живот, но овој пат имаше посебен повод…