Левандовски се предомисли – останува во Баерн Минхен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голегетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски го промени мислиењето и ќе остане на „Алијанц Арена“.

Пред почетокот на Светското првенство Левандовски јавно изјави дека сака да биде продаден, но веќе ситуацијата е поинаква, откри „Билд“. Лева разговарал со раководството на клубот, и двете страни ги средиле своите несогласувања.

Желбата на напаѓачот беше да се пресели во Реал Мадрид. Задачата да го организира трансферот му беше доверена на Пини Захави, но израелскиот агент неодамна го информираше дека тој трансфер е невозможен Од една страна, Левандовски се претстави слабо на Мундијалот 2018 и не постигна ниту еден гол, а од друга – Баерн категорично даде до знаење дека нема намера да се раздели со својот голгетер.

Левандовски целосно го фокусирал своето внимание на подготовките за новата сезона и е амбициозен за конечно да ја освои Лигата на шампионите со Баварците.

Премногу е можно, сепак 30-годишниот стрелец да се соочи со негативен став од страна на навивачите на Баерн, кои се лути поради некои негови изјави на крајот на минатата сезона.