Џастин Бибер „рипа в тавче“ – ја запроси Хејли Болдвин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поп ѕвездата која буквално ја пораснавме по порталите, како странски, така и наши, и кој редовно ги полнеше со секакви вести, и убави и не така вкусни, страниците на медиумите, пејачот Џастин Бибер ја запроси својата девојка, манекенката Хејли Болдвин.

Хејли исто така потврди така што ја „лајкна” оваа објава, која буквално ги разнежни сите. И додека Хејли го одработи тоа суптилно и срамежливо, Џастин радосните вести ги сподели со целиот свет.

„Сакав да почекам одредено време пред да кажам, но вестите брзо се шират. Ќе ти кажам наједноставно, Хејли јас сум многу заљубен во сè што е поврзано со тебе. Сосема сум подготвен да го поминам остатокот од животот со тебе запознавајќи го секој дел од тебе и ќе те сакам трпеливо и нежно. Ветувам дека чесно ќе го водам нашето семејство и ќе му дозволам на Исус да не води Светиот Дух низ сè што прави и низ секоја одлука која ќе ја донесуваме. Моето срце е сосема твое и ти секогаш ќе ми бидеш на прво место! Ти си љубовта на мојот живот Хејли Болдвин и не би сакал да бидам со никој друг. Ти ме правиш подобра личност и еден со друг совршено се надополнуваме!”, беше дел од објавата на пејачот на неговиот Инстаграм профил.

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Исто така на Инстаграм се појави снимка каде Хејли и Криси Тајген се снимаат додека Хејли го покажува вереничкиот прстен и вели: „Реков “да”!”.

A post shared by Hails (@worldjailey) on