Последната насловна фотографија на списанието National Geographic масовно се споделува на социјалните мрежи, но не од вообичаени трендовски причини. Насловната од јунското издание на планетарно популарното научно-едукативно списание растура на социјалните мрежи со својата сугестивна порака дека загадувањето со пластика кое можеме да го водиме со очи е само врв на „сантата“ од ѓубре во кое се дави планетата Земја …