Home Спорт Иниеста ја советува Барселона: Задржете го Бускетс!

Иниеста ја советува Барселона: Задржете го Бускетс!

Легендарниот плејмејкер на Барселона, Андрес Иниеста го советува раководството на Каталонците да направи се што е во нивна моќ за да го задржи Серхио Бускетс.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Бускетс побарал подобар договор со председателот Бартомеу и се заканил дека во спротивно ќе го напушти „Камп Ноу“.

Бускетс е дете на Барселона, а за првиот тим игра од 2008 година и од тогаш се етаблираше како еден од клучните играчи во каталонскиот гигант.

„Ќе биде огромна грешка ако Бускетс замине. Не верувам дека работите ќе дојдат до таму, бидејќи тој е многу важен играч и веќе долги години игра на високо ниво“, изјави Иниеста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…