Home Актуелно Сенатот стави печат: „Крвавата“ Џина и официјално е нов директор на ЦИА

Сенатот стави печат: „Крвавата“ Џина и официјално е нов директор на ЦИА

Со 54 гласа „за“ и 45 „против“ американскиот Сенат синоќа го потврди изборот на Џина Хаспел за нов директор на ЦИА по процесот на номинацијата кој повторно ја отвори емотивната дебата за суровите техники на испитување осомничени во еден од најмрачните период на таа служба.

Сенатот гласаше 54 спрема 45 за избор на Хаспел, а на владејачките републиканци им се придружија шестмина сенатори од Демократската партија. Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел оцени дека Хаспел која на чело на ЦИА ја предложи претседателот Доналд Трамп, е „вистинска жена во вистинско време“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…