Се давиме во пластика: Депресивна, но генијална насловна фотогрaфија од National Geographic


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последната насловна фотографија на списанието National Geographic масовно се споделува на социјалните мрежи, но не од вообичаени трендовски причини.

Насловната од јунското издание на планетарно популарното научно-едукативно списание растура на социјалните мрежи со својата сугестивна порака дека загадувањето со пластика кое можеме да го водиме со очи е само врв на „сантата“ од ѓубре во кое се дави планетата Земја и човештвото. Оваа насловна фотографија доаѓа откако научниците најдоа пластична ќеса во Маријанското трапиште, најдлабоката океанска точка на светот.

Насловната фотографија, две недеи пред офизијалното издание на списанието да биде пуштено во оптек, на Твитер ја сподели Вон Волас, уредник на фотографија во National Geographic, за потоа истата експресно да стане вирален хит на социјалните мрежи.

Овој број од печатеното издание на Nat Geo е посветен на конзумеризмот на пластика во планетарни рамки, а исполнет е со впечатливи фотографии и инфографици кои покажуваат колку всушност е загадена нашата планета.

A post shared by Randy Olson (@randyolson) on

Секако, не се проблем само пластичните ќеси. Милиони пластични шишиња во светски рамки се купуваат во секоја минута, а повеќето од нив завршуваат на ѓубриштата, каде им треба сериозно многу време за да се распаднат, или пак завршуваат во океаните каде го загрозуваат морскиот растителен и животински свет.

A post shared by National Geographic (@natgeo) on

A post shared by Randy Olson (@randyolson) on

A post shared by National Geographic (@natgeo) on