Вчера во Скопје, по тешко боледување, почина реномираната македонска литературна преведувачка и писателка Тања Урошевиќ. Авторка е на романите „Аквамарин“ (2004), „Превид“ (2008) и „Ура, Арал!“ (2019), збирката раскази „Црвена нишка, магнетен прстен“ (2009), заедничката збирка раскази со Влада Урошевиќ „Размена на пораки“ (2013) и книгата „Три новели“ (2017). Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 2017 година. …