Редок примерок на Nintendo PlayStation продаден за 360.000 долари

Редок прототипен примерок на конзолата „Nintendo PlayStation“ на аукциско наддавање беше продаден за вртоглави 360.000 долари.

„Nintendo PlayStation“ конзолата е резултат на кратката соработка помеѓу компаниите „Sony“ и „Nintendo“ во 1992 година. Дизајнот на конзолата е сличен на „Super Nintendo“, но е малку поцврста.

Има и „CD-ROM“ кој е наменет за вчитување на содржините и видео игрите.

Победничката понуда на аукцијата ја дал Грег Мек Лемор, кој истакнал дека сака да креира музеј за видео игри, кој ќе содржи преку 800 слот машини и безброј други помали игри, магазини и оригинални уметнички дела.