Home Шоубизнис Катрина Ло за снимањето со ќерката во „НЦИС“: Меѓу актерската работа, мајчинската грижа и гордоста

Катрина Ло за снимањето со ќерката во „НЦИС“: Меѓу актерската работа, мајчинската грижа и гордоста

Катрина Ло, која ја толкува Џесика Најт во серијата „НЦИС“ на Си-би-ес, сподели како изгледало снимањето со нејзината ќерка Кинли. Во разговор пред гостувањето на девојчето во епизодата од вторник, 10 ноември, актерката призна дека покрај огромната гордост, чувствувала и грижа за нејзиниот настап.

„Дефинитивно имав моменти кога си велев: ‘Добро, сакам сите да мислат дека е добра’. А потоа имаше моменти кога само ја гледав како глуми, ми надоаѓаа солзи и плачев, бидејќи сум неизмерно горда на неа“, раскажа Ло.

Таа призна дека, меѓу загриженоста и миговите на гордост, навистина била мајка која будно го следи секој чекор на своето дете на сцената.

Гостувањето на Кинли донело предизвици и за самата Ло, која истовремено морала да си ја врши актерската работа. Во епизодата, нејзиниот лик, специјална агентка, се обидува да открие каде исчезнала мајката на девојчето што го игра Кинли, во рамките на истрага за убиство.

Кинли Андрин во улогата на Клои во „НЦИС“

„За време на снимањето морав внимателно да балансирам меѓу тоа да бидам актерка, мајка и менторка по глума на ќерка ми“, изјави Ло, заблагодарувајќи му се на режисерот Марк Роскин што ѝ овозможил да преминува од една во друга улога во заедничките сцени со Кинли.

„Добро беше што можев да бидам со неа во сцената. Кога ќе погледнеше кон екипата, можев едноставно да ѝ кажам: ‘Еј, тука сум’, без да мора да го прекинуваме снимањето и без дваесет различни гласови да ѝ даваат упатства“, објасни актерката.


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ашер и Крис Браун откажаа уште еден концерт додека се шират гласини за кавга зад сцената

Откажан е концертот на Ашер и Крис Браун во Лос Анџелес, закажан за 16 ноември. Веста доаѓ…