Овие лозинки хакерите најчесто први ги проверуваат – сменете ако користите некоја од нив


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Компанија специјализирана за кибербезбедност има голем број на „мамци“, односно сервери кои се поставени во различни земји на сите страни од светот со цел да откријат на кои начини хакерите се обидуваат да нападнат.

Лозинката која хакерите најчесто ја пробуваат кога се обидуваат да упаднат во системот на некој уред е „admin”. Оваа лозинка не би требало да се користи на било кој уред, а посебно не на оние кои се поврзани на интернет.

Останатите најпопуларни лозинки кои хакерите ги внесуваат при обидот за упад на некој уред се „12345, default, password и root”.

Минатата година, Националниот центар за сајбер безбедност во Велика Британија имаше извештај дека лозинката „123456″ е пронајдена во 23 милиони пати од лоцираните прекршоци.