Home Актуелно Пролетна среда

Пролетна среда

Оваа мартовска среда во Македонија носи пролетни временски услови. Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до два степени, а дневната температура од седум до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до 14 степени. Маврово 7, Охрид и Крива Паланка 12, Кавадарци и Берово 11, Бирола 13, Дојран 17.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно, суво и потопло, особено топло ќе биде во четврток и петок. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела и понеделник ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…