– Докторот ми рече дека можам да пијам само по една чашка ракија пред легнување. – Еј па тоа е лошо. – Да, бе, не е воопшто лошо. Почнав поредовно и преку ден да преспивам по неколку пати.
– Докторот ми рече дека можам да пијам само по една чашка ракија пред легнување. – Еј па тоа е лошо. – Да, бе, не е воопшто лошо. Почнав поредовно и преку ден да преспивам по неколку пати.
Утрово, во 8:20 часот, во Клиничкиот центар на Црна гора, почина црногорскиот и приморски митрополит Амфилохије, објавено е на официјалниот сајт на Митрополијата. На Амфилохије му беше дијагностициран коронавирус на 6 октомври, кога беше примен во KЦЦГ. Неговото здравје се подобри во меѓувреме, а на 20 октомври, резултатите од извршените тестови покажаа дека тој е негативен за коронавирус. Сепак, ситуацијата …
На 69-годишна возраст, вчера во Скопје, по долго боледување, почина актерот и универзитетски професор Данчо Чевревски. Чевревски имаше богата актерска кариера и глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови: „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“, „Деца на сонцето“, „Втора шанса“ и други. Дипломирал на Факултетот за …
Фатмир Битиќи, актуелен вицепремиер за економски прашања, според податоците од Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, сè уште нема поднесено анкетен лист за својата имотна состојба и за тоа што поседуваат неговите најблиски, пренесува Фактор. Од „Антикорупциска“ потврдуваат дека рокот, според Законот за спречување на корупција, е одамна поминат, а владиниот заменик-претседател, кој доаѓа од редовите на …
30 октомври светот го одбележува како Светски ден на штедењето. Статистиките во контекст на штедењето велат дека македонските граѓани во банките во земјава чуваат 418,644 милиони денари. Поголемиот дел од депозитите се на физички лица, а помал на корпоративниот сектор. Податоците на Народната банка покажуваат дека граѓаните во банките заклучно со септември 2020 година имаат 278,469 милиони денари, од нив …
Претпоследниот октомвриски ден во Македонија времето ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималните дневни температури ќе се движат од 11 до 21 степен: Скопје и Битола 16, Маврово 11, Охрид 15, Крива Паланка и Берово 13, Кавадарци …
Главниот ас на фудбалскиот гигант Јувентус, Кристиано Роналдо, повторно е позитивен на корона вирусот, состојба која ПЦР тестовите му ја даваат од 13 октомври, а истата состојба не е сменета ниту по две недели минати во самоизолација. Поради позитивниот тест на корона Роналдо ќе го пропушти вечерашното дерби во Лигата на шампионите против големиот ривал Лионел Меси и Барзселона. Иако …
Таткото безмилосно ја злоупотребуваше неговата висинска доминација над малиот. Но, едно време малиот се изнервира, се навежба и – следуваше одмазда.
Македонската пејачка Тамара Тодевска, на гостувањето во забавната емисија „Бекстејџ“, говореше за работи од приватниот живот, за моменталната состојба со која се соочуваат македонските изведувачи во текот на пандемијата, за грешката што ја направи при изведувањето на химната. Своевремено, кога го направи пропустот (таа тврди ненамерно, најголем дел од јавноста беше упорна дека намерно ја прескокна строфата од химната), Тамара …
Во напад со нож извршен во францускиот град Ница три лица беа брутално убиени, објави полицијата. Градоначалникот Кристијан Естроси изјави дека сѐ упатува на тоа дека станува збор за терористички напад, кој се случи во базиликата Нотр Дам во центарот на градот. Полицијата соопшти дека една жена е обезглавена и дека напаѓачот е уапсен. „Напаѓачот постојано извикуваше ‘Господ е голем‘ …
Ослободете се од проблемите со кожата со помош на оваа природна маска. Купусот помага …