Приведен сопственикот на кафеана во Јурумлери – локалот бил полн со гости и имало музика „во живо“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Надлежните инспектори вчера во село Јурумлери затекнале музика во живо и полна кафеана.

По претходна пријава, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, во координација со Државниот пазарен инспекторат, во 21:50 часот, извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека внатре во објектот има 15 гости, музичар и пејачка – спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Угостителскиот објект бил во сопственост на А.Ш. (39) од селото Јурумлери, кој заедно со другите лица полицијата го привела во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти МВР, а објектот е затворен од пазарната инспекција.