„Сокриј ги лајковите“ – нова опција на Фејсбук и Инстаграм


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После двегодишно тестирање, Фејсбук воведува нова опција со која ќе можат да се сокријат „допаѓањата и реакциите“ кои сте ги добиле на некоа објава.

Фејсбук на оваа опција работи од 2019 година и сега одлучиле да ја постават на Фејсбук и на Инстаграм.

Компанијата објаснува дека многу корисници „страдаат“ кога имаат мал број на лајкови и дека се чувствуаат посрамотени поради тоа.

Овој проблем се јавува кај помладите корисници на социјалните мрежи затоа што во денешното оштество се ценат лајковите и доколку ги имате во мал број, не сте доволно популарни, па на крајот ја бришере објавата, стои во соопштението од компанијата,

Со криењето на лајковите Фејсбук сака да им помогне на помалку популарните корисници на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Компанијата ја воведува таа опција и насоро сите ќе можат да го сокријат бројот на лајкови и на двете социјални мрежи и само сопственикот на одреден профил ќе може да има увид во бројноста на лајковите.