Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медениот месец на овој брачен пар за момент се претвори во кошмар кога сопругата, која ја снимаше нејзиниот сопруг, се најде очи в очи со една ајкула.
Сара Илиг и нејзиниот сопруг медениот месец го поминуваа на Карибите, каде уживаа во природните убавини на овој тропски рај. Но, нивната идила на кратко беше прекината од ајкула со која Сара се најде во неочекувана средба. Сопругот ја снимаше Сара како плива во морското синило, кога одненадеж пред нив се појави ајкула која тргна кон девојката.
Типката во тој момент беше со главата над површината од водата, па не ни насетуваше што се приближува кон неа, мислејќи дека нејзиниот сопруг ја мести во некаква невкусна шега. Тоа „нештото“ во еден момент ја потфати за рака. Сопругот потенцијално опасната средба ја снимаше со подводна камера, а Сара од неа излезе само со помали поведи од гризнувањето.