Оваа Индијка и официјално е најубава жена во светот (фото)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мануши Чилар, 20-годишна индиска убавица, е новата Мис на светот, а избрана е во конкуренција на 108 убави девојки.

На финалниот избор, кој се одржа во кинескиот град Сања, круната ја однесе 20-годишната студентка по медицина.

За прва придружничка беше избрана Андреа Меса од Мексико, додека втора придружничка беше британската претставничка Стефани Хил.

Чилар е шестта Индија која е прогласена за Мис на светот, но прва после 2000 година, кога најубава беше Пријанка Чопра, денес позната актерка и пејачка.