Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мет Мајлс (31) од британски Херефорд пред три години го освои Euromillions џекпотот од вртоглави милион фунти, по што одма си замина од работното место и се фрли на журкање и лумперај.
Парите ги арчеше на луксузни патувања и девоји. Според негово признание, во текот на патувањата околу светот, спиел со најмалку 150 жени. Но, изгледа дека разузданиот начин на живеење денес е зад него, бидејќи младиот и раскалашен богаташ реши животно да се скраси со својата вереница, 28-годишната Стејси Едвардс, со која неодамна доби и син.
Неговото богатство денес се проценува на сума помеѓу 1,3 и 1,4 милиони фунти, а минатиот месец овој милионер го доби и најубавиот новогодишен подарок. Неговата вереница на 18 декември го роди нивниот син кого го именуваа Џуд.
Екстравагантен животен стил
Мајлс претходно, за британските медиуми, откри дека стравувал оти „ќе се претвори во проблематичен расипник кој се збогатил на лотарија“. Поради тоа, морал да го заузда својот екстравагантен стил на живеење. Во само 18 месеци Мет го потрошил половина од своето милионско богатство на забави, патувања во 22 земји во светот и дизајнерска облека. Но, тврди дека со паметни вложувања, успеал да ги врати списканите пари.
Во април, минатата година, одлучил дека себеси ќе си овомзожи уште едно патување околу светот, но овој пат во сосема поинаков аранжман. Без армија девојки и купови луксуз околу него, тој и Стејси сами уживале во заедничките моменти. Додека патувале во Азија, ја дознале среќната вест дека чекаат и принова. За жал, покрај среќата, парот во тие мигови добил и грижи откако лекарите им соопштиле дека бебето има ретка форма на Spina Bifida, вроден деформитет на ’рбетот.
Последен пат „лумпувал“ во Лас Вегас
За среќа, малиот Џуд се родил како целосно здраво бебе. „2017 година беше најдобра во мојот живот. Се роди мојот син, се оженив со мојата најголема љубов и најдобра пријателка, а бизнисот ми цвета. Животот е прекрасен“, изјави Мајлс за Mirror.
Призна, додуша, дека себеси за последен пат си дал оддишка кога со пријателите отишол во Лас Вегас за да го гледа историскиот дуел помеѓу Флојд Мејведер и Конор МекГрегор.
Иако последниве месеци живее мирен семеен живот, медиумите уште се сеќаваат на неговите кавги со бившата девојка, фитнес инструкторката Карла Чемберлејн.