Home Спорт РАЏА СТАЈЛ: Наинголан пие, пуши и пцуе!

РАЏА СТАЈЛ: Наинголан пие, пуши и пцуе!

Фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан „лумпуваше“ за новогодишната ноќ, па видеото од прославата стана хит на интернет.

Од порано е познато дека Наинголан пуши цигари, па имаше проблеми со селекторот, а за новогодишната ноќ додаде алкохол и цигари.

На снимката од дочекот се гледа како Белгиецот пие, пуши и пцуе, а најлошо од се е што својата мала ќерка ја тераше да пали огномет.

Ваквото однесување ги разочара челниците, но и навивачите на Рома, па Наинголан следниот ден упати извинување.

„Жал ми е поради се што се случи. Јас сакам добро да се забавувам за Нова година, но синоќа навистина претерав. Не сакав да бидам негативен пример и чувствувам потреба да се извинам поради своите зборови и однесување“, напиша Наинголан на социјалните мрежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…