Home Спорт Организирање оргии платени со службената картичка – нов скандал ја тресе шпанската фудбалска федерација

Организирање оргии платени со службената картичка – нов скандал ја тресе шпанската фудбалска федерација

Нов голем скандал ја тресе Шпанија во кој е вклучен претседателот на фудбалската федерација Луис Рубиалес.

Весникот „Ел Мундо“ објави дека претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија организирал оргии со 8-10 млади девојки и плаќал со службена картичка.

Наводно, целата оваа приказна ја започнал Хуан Рубиалес, кој е роднина на претседателот на Шпанската фудбалска федерација, а и тој своевремено бил член на неговиот тим и бил вработен во Фудбалскиот сојуз.

Шпанците пишуваат дека Рубиалес ги организирал овие забави под изговор на работни средби и ги поканил само најблиските членови на својот тим од Федерацијата.

„ФС на Шпанија ги негира изјавите на поранешен вработен и член на тимот на претседателот. Изјавите на Хуан Рубиалес објавени од „Ел Мундо Депортиво“ се лажни и против него е покрената истрага“, се вели во соопштението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…