Опседната со Мурињо: Женава има 38 тетоважи посветени на „Специјалниот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


62-годишната британска пензионерка Вив Бодикот пред некое време своето тело го закити со 38-мата последователна тетоважа посветена на португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо, кого очигледно е фанатично луда по него.

Посветата се однесува на неговото преземање на кормилото на Тотенхем. За три години Бодикот има потрошено приближно 2.000 фунти за тетовирање на ликот на Мурињо и тетоважи посветени на Португалецот.

„Дефинитивно вреди, бидејќи го обожавам. И подготвена сум да потрошам и повеќе, веќе смислувам што наредно ќе направам“, изјави за „The Sun“.

Вив напомена дека првата тетоважа ја направила во 2017 година кога „Специјалниот“ се врати во Премиер лигата, по Челзи во Манчестер јунајтед. Таа додаде дека „Црвените ѓаволи“ се однесувале лошо со Мурињо и дека тој не заслужил таков третман.