Орце Камчев и неговата сопруга Ана денес ќе сведочат за „Рекет“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денес закажаното судско рочиште за случајот „Рекет“ во судските клупи како сведоци ќе седнат бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева. Тие се појавуваат во улога на сведоци на Обвинителството кое за овој случај ги гони бившата специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски.

Претходно, на првото рочиште, третообвинетиот Зоран Милески Кичеец ја призна вината и му беше изречена казна од три години затвор.

Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната. Во издржувањето на казната, како што велат од Судот, ќе му биде пресметано и времето поминато во притвор и куќен притвор започнувајќи од 15.7.2019 година.

На денешното рочиште за „Рекет” од домашен притвор треба да биде донесена второобвинетата Катица Јанева, а првообвинетиот Бојан Јовановски од КПУ Затвор – Скопје каде што издржува мерка притвор.

Боки 13 и Катица Јанева ќе докажуваат дека не се виновни. Јавната обвинителка Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште рече дека жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓани на оваа држава.