Home Актуелно Петочна временска прогноза

Петочна временска прогноза

Денес, петок, 6 декември, времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини магливо и студено. Кон крајот на денот во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови, ќе има локални врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до 11 степени, а дневната температура од шест до шест до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до шест степени. Mаврово 8, Охрид 10, Битола 6, Крива Паланка 9, Берово 8, Кавадарци 7, Дојран 12.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено време. Дневните температури ќе се движат од 6 степени во Маврово и Берово, Охрид 8, Скопје 9 до 13 степени во Дојран.

Нови врнежи од дожд и снег на планините се очекуваат во вторник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…