Официјално тој е новиот најдобар голгетер во историјата на фудбалот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалскиот ас Кристиано Роналдо, кој моментално ги брани боите на Јувентус, од синоќа официјално е најдобриот голгетер во историјата на фудбалот.

Со двата гола постигнати во првото полуфинале од Купот на Италија против Интер, кое Јуве го доби со 2-1, Роналдо стигна до бројката од 763 постигнати голови во целата кариера, со што за само еден гол ги надмина досега најдобрите стрелеци во историјата на фудбалот, легендарниот Пеле и малкупознатиот Јозеф Бичан.

Кристијано најмногу голови има постигнато во дресот на Реал Мадрид 451, за Манчестер Јунајтед даде 118 голови,а во тимот на Јувентус засега постигна 68 погодоци. Во дресот на Португалија Роналдо забележа 102 гола.