Славни

Од Олимписки игри до порно филмови – животната приказна на јапонската бордерка

Мело Имаи е јапонска сноубордерка која во 2006 година настапуваше на зимските Олимписки игри во Торино.

Пред неа беше голема и ветувачка кариера, но од Италија се врати со повреда после еден пад, а потоа направи и голем животен пресврт со една своја одлука.

Промена на кариерата

Таа одлучи да го остави спортот, па после тоа прво работеше како келнерка, потоа како стриптизерка и ескорт дама, за на крајот да заврши во порно индустријата.

Нејзиното детство го одбележал строг режи кој бил наметнат од нејзиниот татко, Такаши Нарита, бивш јапонски репрезентативец во одбојка, кој исто така бил олимпиец и учесник на Олимписките игри во 1992 година во Барселона.

Тешко детство

„Не смеев да се облекувам како девојче, да се шминкам, да носам здолништа. Им завидував на врсничките кои имаа слобода да го прават сето она кое го прават сите тинејџери. Морав да го слушам татко ми“, открива Имаи за „Токио Викендер“.

Сличен пат поминал и нејзиниот брат Доме Нарита, но тој се свртел кон шоубизнисот, поточно запловил во актерските води. Имаи веќе не можела да го поднесе животот во такви услови, па одлучила дека е време за пресврт.

„Во текот на тинејџерските години мислев дека морам да го кријам своето тело, да се срамам од она што сум. Успеав да се ослободам од тој товар. И тоа што сум го работела и од кое не се срамам, ми помогна да станам жена“, додава Имаи.

Денес оваа 30-годишна Јапонка одлучи да му се врати на спортот и бордањето, па после само четири тренинзи победи на едно натпреварување во Јапонија, оставајќи ја второпласираната противничка 14 бода зад себе. Имаи очигледно сериозно „загриза“ за учество на следната зимска Олимпијада која во 2022 година ќе се одржи во Пекинг.

To Top